Свет

(Видео) Опасно разгорување на конфликтот: Пакистан бомбардираше две провинции во Иран со проектили, во нападот загинаа жени и деца

Пакистан изврши серија „високо координирани“ воени напади во иранската провинција Систан и Белучистан, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи се наведува дека „голем број терористи се убиени за време на разузнавачка операција“.

Висок претставник на разузнавањето изјави за Ројтерс дека Пакистан извршил напади на иранска територија, насочени кон милитанти од Белуџистан, два дена откако Иран изврши напади на пакистанска територија.

Пакистан цели седум локации во Иран, изјави пакистански безбедносен претставник за Си-Ен-Ен.

Иран во вторникот соопшти дека цели на милитантните бази во Пакистан поврзани со Израел.

Пакистан соопшти дека во нападот биле погодени цивили и две деца, предупредувајќи дека ќе има последици за кои Техеран ќе одговара.

На почеток