Свет

Кралот Чарлс оди на операција – ќе има третман поради зголемена простата

Кралот Чарлс барал лекување поради зголемена простата, велат од Бакингемската палата.

Според „Скај њуз“, во соопштението објавено од палатата се вели: „Заедно со илјадници мажи секоја година, кралот бараше лекување за зголемена простата“.

„Следната недела кралот ќе оди во болница на корективна процедура. Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за краток временски период“, се наведува од Бакингемската палата.

На почеток