Скопје

Арсовска твди дека фатила канцероген отпад во скопско Орман, депониран близу Лепенец

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, обвини дека во скопско Орман, во Општина Ѓорче Петров се случувал екоцид на државна и приватна парцела. Според неа, инспекторите за животна средина на Градот, затекнале опасен отпад кој што се депонирал опасен отпад. Анализите не се готови, но Арсовска тврди дека тоа се гледа од видот на отпадот кој бил најден.

„Приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица, кои не само што предизвикале екоцид, туку се осомничени и за финансиски криминал. Две години трае депонирањето на тој терен, на таа парцела. Во текот на изминатите два дена, вклучени се повеќе институции, земени се примероци, евидентирани се со видео материјал“, рече Арсовска.

Случајот бил неколку денови следен од инспекторите, па тврдат дека ги фатиле камионите кои депонираат, на лице место и повикале полиција.

„Токсичен и канцероген отпад“, додава Арсовска.

Таа побара морална одговорност од градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

На почеток