Македонија

За седум дена треба пресуда, а во Судски совет обид да се спаси „Ласкарци“ од враќање на повторно судење

Судијката Александра Ристеска даде заклетва за апелационен судија и не го извести Судскиот совет дека за седум дена има објава за пресуда за случајот „Ласкарци“. Нејзиниот избор во повисокиот суд, ќе го врати предметот на повторно судење. Судскиот совет одржува итна седница за делигирање на Ристеска во Кривичен до објавување на пресуда.

„Штетните последици кои можат да настанат ако оваа седница не се одржи – а тоа е одлагање на објавување на пресудата, предметот ќе го врати од почеток. Разочарана сум! Имаше начини да се одложи заклетвата. Не бев известена дека објавата е на 25.01.2024 година. Судијата и денеска го сретнав и не ме извести за тоа“, кажа Дамева.

Кривичен суд побара судијката Ристеска да биде делигирана во Кривичен суд, за да не се менува судечкиот совет, а тоа да ја одолговлечи постапката. Претседателот Иван Џолев, ја бараше оваа итна седница.

Судењето за „Ласкарци“ еднаш почна од почеток. Причината за тоа беше што доцнеа супервештачења.

На почеток