Македонија

„Ласкарци“ спасен во последен момент од ново судење – судијката делигирана во Кривичен

Судијката Александра Ристеска, ќе остане во Кривичен суд се до објава на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ова го одлучија членовите на Судски совет и го спасија предметот од враќање на предметот на ново судење. Ристеска доби укажување дека нејзиното постапување го загрозило предметот, што е недозволиво.

„Предлагам судијката да биде упатена времено во Кривичен суд, до завршување на рочиштето за објава на пресудата, оти може на 25. да не биде објавена, за да ги избегнеме сите последици“, кажа судијката Антоанета Димовска, член на Советот.

По ова, предлогот беше изгласан.

„Констатирам дека едногласно е донесено решение со дадениот предлог“, кажа претседателката на Весна Дамова.

Во дискусијата беше констатирано дека е нужно Ристеска да биде делегирана во Кривичен суд.

„Нужна е потребата да биде испратена за судија во Кривичен суд, додека трае советувањето и гласањето како и објавата на пресудата“, рече адвокатката Тања Чачарова, член на Судски совет.

Укажување за однесувањето на судијката избрана во Апелација дојде и од членот Ивица Николовски. Тој кажа дека сензитивен е карактерот на предметот „Ласкарци“.

„Апел и укажување до судијката која денес, даде свечена изјава, а има содржина, дека треба да ги почитува сите позитивни прописи. Истата изјава ја дала и претходно кога ја избрале. Јас очекував судијката да го извести Судски совет, за ние во поорганизирани услови да се произнесеме за оваа точка. Во конкретниов случај, апелирам до сите судии, да не се однесуваат толку слободно и комотно, да си ги знае обврските и да знае кои се последиците“, рече Ивица Николовски, член на Судски совет.

За седум дена треба пресуда, а во Судски совет обид да се спаси „Ласкарци“ од враќање на повторно судење

На почеток