Скопје

Запален автомобил во Скопје, пожарот зафатил и друго возило

Денеска (18.01.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.О.(31) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(40) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

На почеток