Македонија

Затајување, послужување, измама – поранешен вработен си извадил пари од фирмата во која не работи повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Б. (31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“.

Во текот на декември 2023, и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост на правното лице, на 08 и 09.12.2023, картичката ја приложил пред референт во филијалата во Тетово и подигнал парични средства, со што го оштетил правниот субјект за сума од 80.000 денари.

На почеток