Македонија

По две недели, уапсени сите осомничени за упадот и тепањето во М-НАВ

Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај.

„Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител“, велат од Обвинителството.

Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари. По пресконференцијата на синдикатот на кое беше обелоденето што се случува со вработувањата во институцијата, осомничените влегле во објектот и нападнале контроли на летање. За ова се води истрага.

To Top