(Галерија) Стефан Спировски и Ивица Георгиевски ги фатија светите крстови во Лепенец и Вардар кај Влае
Верниците Стефан Спировски и Ивица Георгиевски-Ачка ги фатија светите крстови положени во реките Лепенец и Вардар кај Влае.
„Нека најмоќниот симбол во христијанството им донесе здравје, мир и радости во нивните домови. Општина Ѓорче Петров и годинава беше покровител на настаните во Волково и во Хром и подготви подароци за среќните верници. Денеска е еден од најголемите христијански празници, крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан со што завршуваат т.н. некрстени денови. Денеска е ден кога водите се осветени и стануваат лековити. На сите граѓани им посакувам убав празничен ден, исполнет со радости и благосостојба“, напиша Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.