Македонија

Работник со машина излетал од патот Струга-Дебар – со тешки повреди е во болница

На 20.01.2024 во ОВР Струга, пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа, струшко, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н.(42) од с.Велешта, струшко, излетала од патот.

„Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од МВР.

Увид на местото изврши екипа од ОВР Струга.

На почеток