Македонија

Апсења во Кичево, Центар и тетовско

На 21.01.2024 во 01.10 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.М.(47) од кичевското село Туин затоа што кај него била пронајдена и одземена со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.01.2024 во 23.40 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.01.2024 во 01.55 часот во с Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(31) од с.Горно Седларце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток