Македонија

(Видео) Жена загина, автомобилите преполовени – страшна несреќа близу „Табановце“, учествувал и српски пејач

Кумановка загина во страшната несреќа која се случи близу граничниот премин „Табановце“, а во која учествувал и музичарот Ѓорѓе Давид, кој е член на жирито во емисијата „Sвездите на Гранд“. Според полицијата, загинатата кумановка била сопатничка во смачканото „поло“.

„Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово“, велат од МВР

Во моментот на несреќата имало густа магла. Здравствената состојба на останатите учесници засега не е позната.

На почеток