Македонија

Ковачки до Битиќи: Фатени сте 100:0, вашата сопруга добила гран

„Вице-премиере Битиќи, за што барате извинување? Што демантирате и што е неточно?“, вели пратеникот Драган Ковачки како реакција на соопштението на Фатмир Битиќи.

„Еве бидејќи многу зборувате, а малку кажувате, јас ќе Ви кажам што е точно:

1. Вашата сопруга заедно со сопругата на Директорот на Агенција за Разузнавање Еролд Муслиу Е основач на Конзорциумот кој го добил грантот.

2. Вие сте биле на седница на Влада на која е задолжен Националниот координатор да потпише Меморандум без кој не можел да биде добиен грантот.

Господине Битиќи, фатени сте 100:0.

Наместо да се заканувате, пресметајте си уште колку денови ќе сте на власт за да се криете позади функцијата.

До кога мислите дека ќе Ви се толерира киднапирањето на македонските институции за Ваши лични цели? Одговорност ќе има“.

На почеток