Јавниот превоз е уништен, хаос е, смета СДСМ со обвинување кон ВМРО-ДПМНЕ без збор за Данела
„Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години го уништи јавниот градски превоз. ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП“, велат од СДСМ. Тие не ја споменуваат скопската градоначалничка Данела Арсовска, која промовираше партија, а каде нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ беше поканет на промоција.
Тие додаваат:
„Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ а нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира.
Советниците од ДПМНЕ, кои го имаат мнозинство во Советот и се локална власт, се противea на одлуката за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието.
Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар…
Сето тоа е резултат на неспособноста на ДПМНЕ.
Проектот за брз, еколошки и современ транспорт, познат како БРТ го закочи токму ДПМНЕ.
После Скопје 2014 ДПМНЕ му приреди уште една катастрофа на главниот град.
Глас за ДПМНЕ ова значи, хаос, уназадување, блокирање на важни проекти и стагнација“.