Скопје

ЈСП протестира, автобуси нема, вработените на седница во Град Скопје

Автобусите на ЈСП ќе бидат паркирани во гаражите во Ѓорче Петров и Гази Баба, а утрово возеа само пет часа. Во знак на протест бидејќи вработените ја немаат земено декемвриската плата поради блокади во Град Скопје, тие нема да ги извршуваат своите работни задачи. Наместо тоа, тие ќе одат на вонредната седница во Град Скопје, закажана за во 10:30 часот.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Барањата на Синдикатот се јасни, исплата на декемвриската плата и на субвенциите за ЈСП и тоа во целосна сума а не исплата на секои шест или три месеци, како што е една од можностите.

На почеток