Конечна одлука: ЈСП нема да вози по 9 часот наутро
Од
Објавено на
Автобусите на ЈСП утре ќе останат во гаражите, по 9 часот наутро. Ова е конечната одлука на Синдикатот на вработените во ЈСП. Вработените ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму.
„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.
Ако легнат парите на сметка, возачите ќе ги вратат автобусите на терен.