Македонија

Кризата во „Идризово“ продолжува, директорот: Во последно време немаме бегства

Во затворот „Идризово“ и натаму е кризна состојба, оти нема полицајци за да ги чуваат затворениците. Директорот Зоран Јовановски, посочува дека тоа ќе остане така се додека приправниците не добијат решенија за вработување.

„Во последно време немаме бегства од затворите. Кризната состојба е прогласена на територијата на Управата поради тоа што имаме голем број на затворски полицајци кои се приправници и немаат решение за вработување како затворски полицајци. Додека тие се приправници, ќе има кризна состојба“, рече Зоран Јовановски, в.д. директор на КПУ „Идризово“.

Тој доби низа критики од Хелсиншкиот комитет бидејќи третманот на затворениците не е соодветен.

„Тоа што затвореници се уште во некои затвори престојуваат во супстандардни услови е резултат на негрижата на државата. Состојбите во КПУ го отликуваат и степенот на демократија во една земја, огледло се на тоа колку една држава вложува во човековите права“, посочува Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

На почеток