Македонија

Партијата на Данела почна со напади кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски: Блокирате и опструирате!

Партијата „Нова Алтернатива“ чиј нов претседател е Данела Арсовска почна со испраќање соопштенија со обвинувања кон политичките неистомисленици. Денеска, прва за напад е ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски ја блокираат и опструираат нормалната работа на јавните претпријатија во Градот Скопје.

По втор пат Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани.

Нова Алтернатива најостро ги осудува обидите на Мицкоски за собирање политички поени на грбот на граѓаните.

Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги гласат програмите на јавните претпријатија меѓу кои и онаа на ЈСП со што директно ја блокираат нормалната работа на претпријатието и редовната исплата на плати кон вработените.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со управниот одбор на претпријатието се директно одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП.

За среќа на скопјани и за среќа на македонскиот граѓанин се ближи крајот за политичарите како Христијан Мицкоски кои работат исклучиво за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните.

На македонската политичка сцена се појавува нова генерација на храбри политичари кои се подготвени да се испречат на патот на корумпираната политича елита. Македонскиот граѓанин може да препознае кој ја блокира работата на градот и нормалното функционирање на јавните претприкатија, виновникот има име и презиме, Христијан Мицкоски“, велат од Нова Алтернатива.

На почеток