Македонија

(Видео) Вучиќ: Ги поздравувам браќата Македонци, состаноците се за првпат за економски прашања, не за политика

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека во Скопје со лидерите од другите земји од Западен Балкан разговараат за економија, а не политика. Тој очекува разговорите да донесат бенефити за сите држави од Западен Балкан.

„Пред се да ги поздравам браќата Македонци во Северна Македонија, да се заблагодарам на гостопримството. Состаноците овде се важни за целиот регион, разговараме за планот на раст со американските и европските претставници. Разговаравме за т.н. зелените линии за нашите камиони, за да поминуваат слободно низ границите на ЕУ“, кажа Вучиќ.

Во наредните денови ќе се потпишат два протоколи, за слободен пристап на работна сила во Тирана, Скопје и Белград.

„По првпат се состануваме за да се зборува за економија, а не за политика која носи големи поделби за нас“, додаде Вучиќ.

Тој и на крајот ги поздрави сите, а особено како што рече: „македонските браќа и пријатели“.

На почеток