Скопје

(Видео) Директорот на ЈСП: Да ја донесеме одлуката, да ја изгласаме за овие гладни луѓе надвор

„Да ја донесеме одлуката, да ја изгласаме за овие гладни луѓе надвор“. Ова е повикот од директорот на ЈСП, Крсте Петревски до советниците во Град Скопје. Тој побара ова да се направи за да вработените ги земат заработените пари, а граѓаните да не мрзнат по улиците без превоз.

„ЈСП се соочува со недостаток на средства за плата. Јас накратко сакам да образложам неколку моменти. Во јавноста струјат тези дека ЈСП ги троши средствата без отчет пред Советот и без осет. Управниот и надзорниот одбор се изгласани од овој совет и имаат комплетен увид во работата. Јас како директор на ова јавно претпријатие, неколкупати детално сите трошоци, јавно пред сите ви ги образложив, каде се трошат парите на ЈСП“, посочи директорот Крсте Петревски.

Според него, во ЈСП нема превработеност, па споредуваше податоци. Петревски кажа дека тезата не држи вода.

„Меѓу 40-50 милиони трошиме за нафта месечно, 20 милиони за метан, 30 милиони исплаќаме на приватниците месечно. Само тие трошоци се стотина милиони. Каде се гуми, греење, резервни делови.. Тезата дека нема отчетност сакам во старт да ја побијам. ЈСП месечно од сите приходи прибира 70 милиони денари – билети и договори со школи кои ги возиме“, додаде Крсте Петревски.

На почеток