Скопје

Данела успеа: Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

По едногодишни надмудрувања и проблеми, градоначалничката Данела Арсовска ја исполни својата намера, го назначи музичарот Арбен Бени Шаќири за нов директор на Младинскиот културен центар.

Извисија или поддршка од Арсовска не добија сопругот на заменик министерката за правда и функционер во СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ, продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, како и дипломираниот продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи, Владимир Стојчевски.

Последниот збор го имала градоначалничката, која од трите апликации добиени од Управниот одбор на МКЦ се одлучила за Шаќири. Услови за директор на МКЦ се високо образование во областа на хуманистичките науки, и 5-годишно работно искуство во областа на културата.

Шаќири седнува во фотелјата на местото на Никола Алексов, инаку познат како дипломиран детектив, кој Арсовска го постави пред една година по разрешувањето на Ванчо Богоев, кој се жалеше на закани и уцени затоа што не го потпишал вработувањето за Бени Шаќири.

Проблемот датира од 2019 година кога група културни работници се спротивставија на изборот на Шаќири кој до тогаш фамилијарно важеше за близок човек на СДСМ и според информциите, било договорено Шилегов да го назначи за директор.

По ова пукна „тиквата“ со СДСМ и Бени на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на ЛДП и ДОМ и на дебатите еден од најсилните критичари на Петре Шилегов.

Пред вториот изборен круг на локалните избори се пофалија со заедничка фотографија на Арсовска со Шаќири.

Точно пред една година, при обидот на Арсовска за вработување на Шаќири, граѓани и културни работници протестираа пред МКЦ против, како што векеа, политички и партиски позиционирања во оваа институција со срав: „МКЦ (не) е партиска цицка“.

На почеток