Скопје

(Видео) Граѓаните нема да видат нови линии, додека не се купат нови автобуси

Директорот на ЈСП, Крсте Петревски, одговарајќи на советнички прашања во Град Скопје, кажа дека нови автобуски линии нема да има додека не се добијат нови автобуси.

„Не е проблем да ги воведеме линиите, изгласајте ги автобусите за ЈСП веднаш ќе ги воведеме. Ресурсите на ЈСП со оваа флота која ја имаме 13 години стара, тие се можностите“, посочува Петревски.

Кажа дека трошоците се зголемени, оти цените се повисоки.

„Во времето на Коце, нафтата беше 27 денари, платата минимална беше 9.000 денари и споредувате тој период со овој. На крај, за трошоците – на секое прашање ќе ви одговарам. Со претпријатието управува Управниот и надзорниот одбор, директорот извршува. Тие имаат увид за секој потрошен денар. Треба да присуствувате на состанок да видите како се дискутира по седум часа. Ако вас не ве известуваат тоа е ваш проблем“, додаде директорот.

Тврди дека не троши пари за ресторани и патувања.

„Ако треба три дена ќе ви образложувам за секој денар. За репрезентација и патување, имам 0 денари потрошено. Импутирате доблест и чест, а за тоа да го дискутирате треба да го поседувате“, додаде тој.

На почеток