Скопје

„Ова е срамота, мизерно и перверзно“, вели заменик-градоначалникот на Скопје за неисплатата субценции за ЈСП

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски и член на Советот на градот, побара да се одобри исплата на субвенциите за ЈСП. Според него, ова што се случува е срамота и изрази поддршка за вработените.

„Како може уште да дебатирате, надвор чекаат луѓето да земат плата, јака им душа како прекрцале во декември и јануари. Да излегувате и да прашувате за автобуски линии е мизерно и перверзно“, рече Трајановски.

Тој додава: „Во тоа јавно претпријатие не работат луѓе од само една политичка определба, не купувајте вака политички поени“.

Укажа дека одговорноста е кај советниците.

„Оваа деструктивност не треба да се користи како политика, нема има исход позитивен. Ако мислите дека можете друг да посочите како кривец, се лажете. Одговорноста е кај нас. Граѓаните ни ја дале“, додава Трајановски.

На почеток