Свет

Пристигна итно предупредување за Хрватска: Подгответе се за студен бран, температурите драстично опаѓаат

Предупредување за студен бран денеска е издадено речиси во цела Хрватска, со исклучок на Сплитскиот и Дубровничкиот регион.

Најниска температура утрово е измерена во Карловац минус пет степени.

Во Госпиќ беше -10,9, во Огулин -10,7, додека во Максимир, Загреб се измерени -9 степени. Во Сисак беше минус -7, Пазин -5,8, Славонски Брод -5,6, Книн -4,1.

ДХМЗ предупредува дека опасноста од студен бран е висока во Загреб, додека умерена е во Карловац и Риека.

На почеток