Некатегоризирани

Полицијата апсеше на границите „Табановце“ и „Ќафасан“

Полицијата апсеше на границите „Табановце“ и „Ќафасан“, лица кои го пречекориле дозволениот престој во Макединија.

На 21.01.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го привеле А.Г.(41) од Република Албанија затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Има и втор случај.

„На 21.01.2024 во 12.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ја привеле М.М.(46) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила дозволениот престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, стои во билтенот на МВР.

На почеток