Македонија

Студот останува, на снег не се надевајте

Ноќва која измина во Македонија беше студена и ведра. На многу места температурата се спушти до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени.

„Потоа во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.

Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски.

На почеток