ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма ќе има решенија за Бугарија, најави портпаролот
„ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана“, вели портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прашање „Како ги коментирате вчерашните пораки на О`Брајан за објавување на планот за иднината на земјата?“.
„Во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме“, додава тој.