Свет

СЗО: Епидемијата на мали сипаници петта во Европа, со треска кашлање, воспаление на бели дробови

Европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека во 10-те месеци од 2023 година се регистрирани 30 пати повеќе случаи на сипаници отколку во цела 2022 година и апелираше до државите да започнат итни кампањи за имунизација, пишува „Политико“.

Во соопштението на СЗО се додава дека причина за толку голем број заболени од морбили е сè пониското ниво на вакцинација против екстремно заразниот вирус кој предизвикува треска, кашлање, а во ретки случаи воспаление на белите дробови, мозокот и смрт.

Во периодот од јануари до октомври 2023 година се регистрирани повеќе од 30.000 случаи на мали сипаници, наспроти 942 случаи во текот на цела 2022 година.

На почеток