Затоплување на времето, особено преку ден – студот ќе попушти
„Следува период на стабилно и суво време, а студот полека ќе попушта. Само утрe ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на пониските места, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува снег“, најавува метео-прогнозерот, Славчо Попоски.
„До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Што се однсесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени.
Кон крајот на оваа, како и на самиот почеток од следната недела повторно температурите наутро понекаде ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени“, додава тој.