Охрид

(Фото) Пецаков: Лудориите на Бисера, продолжува серијалот на кршење и непочитување, а богами и непознавање на законите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочува на грешка во оглас објавен од Министерството за култура односно министерката Бисера Костадиноска-Стојчевска, а кој се однесува на вработување во НУ библиотека Григор Прличев-Охрид. Според него, тоа е кршење на законите.

„Радувањата на Радован (Лудориите на Бисера). Оглас актуелен, отворен за вработување во НУ библиотека Григор Прличев Охрид преку агенција за администрација каде јасно е напишано, врз основа на план за вработување на институцијата за 2023 година‼️ Значи не 2024 година,туку за изминатата година‼️ Продолжува серијалот на кршење и непочитување, а богами и непознавање на законите‼️‼️ Одговроност ќе има‼️ Крајот ви се ближи‼️‼️“, напиа Пецаков.

Караницата помеѓу градоначалникот и министерката трае подолго време, оти таа не дава согласност да се гради катна гаража во Охрид.

„Ви се ближи крајот! Не си ги познавате законите“, Пецаков ѝ се налути на Бисера која не дава градење катна гаража во Охрид

На почеток