Охрид

„Ви се ближи крајот! Не си ги познавате законите“, Пецаков ѝ се налути на Бисера која не дава градење катна гаража во Охрид

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков ѝ порача на власта дека и се ближи крајот, а откако министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојческа, кажа дека катната гаража за Охрид нема приоритет во рејзиниот ресор. Според Пецаков, тој и граѓаните се малтретирани година дена со куп забелешки, а обвини и дека тие кои ги даваат се неписмени.

„Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство. За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“‼️ Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно катна гаража“, пишува Пецаков.

„Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности. Непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од најбитните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување‼️ И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите‼️ За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава‼️ Ви се ближи крајот“, додава Пецаков.

На почеток