Охрид

(Видео) „Прв го фатив, бев раскрварен на раката и ногата“ – сведоштво на верникот во чија рака остана дел од крстот во Охрид

Со крварење завршила церемнонијата на положување на крстот во Охрид. Јавноста жестоко реагираше откако од снимките се виде дека до крстот прв не стигнал охриѓанецот Никола Јакимоски, туку Кристијан Андреев. Во изјава за „Скопје1“, Андреев раскажува што се случи на Водици, а откако на социјалните мрежи почна барање крстот да му се врати нему.

„Кога крстот беше фрлен од Владиката јас и други што имавме допливано до таму тргнавме по крстот при што јас прв го фатив крстот за долниот дел. Додека го кревав крстот нагоре мојата глава беше под вода и во тој момент осетив дека некој ми го влече и одзима крстот. Јас го држев крстот цврсто и од влечењето од другиот крстот се скрши при што долниот дел со метал остана кај мене, а јас бидејќи не бев свесен дека крстот веќе е скршен и другиот дел е останат кај мене јас ја кренав раката за да се види дека јас сум го фатил. За кратко сфатив дека кај мене останал само долниот дел и видов дека другиот учесник на неколку метри од мене го држи горниот дел“, вели Андреев за „Скопје1“.

По крстот, пливал сам, додека Јакимоски беше со пријатели кои го пратеа и на патот кон местото каде стоеше Владиката Тимотеј.

„Јас за кратко исто излегов од вода и приметив дека сум раскрварен на раката и на ногата. Ја видов сестра ми во тој момент и заедно со неа отидовме до амбулантно возило за да го видат крварењето. Откако завршивме кај амбулантното возило се вративме назад, но владиката Тимотеј веќе го немаше. Наидовме на друг свештеник на кој му кажавме за случката и друго лице што беше до него и држеше свештено знаме, кој пак потврди дека видел дека јас прв сум го фатил крстот“, додава Андреев за „Скопје1“.

Тој му честита на Никола и му посакува се најдобро, иако, не ја крие разочараноста што не е официјалниот фаќач на крстот во Охрид.

„Потоа свештеникот ми рече Господ е голем, Господ гледа и ме прегрна и ми рече долниот дел од крстот да го однесам во црква. Во тој момент јас, сестра ми и татко ми си отидовме дома (имаме стан во Охрид). Откако се средив отидовме во црква Св. Ѓорѓија и од тамошниот одговорен добив дозвола и благослов делот одреден период да остане кај мене за здравје и најдоцна за 40 дена да го вратам. По ова се видовме на кратко со пријатели и тргнавме накај Скопје“, додава тој за „Скопје1“.

Пораките за поддршка ги прочитале, посочува дека е благодарен на сите верници за тоа.

„Јас и моето потесно семејство почнавме да добиваме пораки со поддршка на социјалните мрежи за враќање на крстот кај мене, меѓутоа мислам дека тоа е неизводливо и дека е предоцна. После ова никој од МПЦ не ме исконтактира, а јас сум благодарен на сите луѓе што сеуште ми даваат поддршка. Јас сум среќен што прв го фатив крстот и малку сум разочаран што така испадна и официјално не сум фаќачот на крстот, меѓутоа му честитам на Никола и му посакувам се најдобро“, посочува Андреев.
Претходно, остри реакции имаше на социјалните мрежи има за положувањето на крстот во Охридското Езеро. Познато е дека крстот беше скршен при моментот на фаќање. Реакциите одат до таму, да има барање, крстот да му биде вратен на Андреев.

(Видео) Кој го фати крстот во Охрид, а кој го скрши – се бара да му се врати на верникот во чија рака остана дел од светиот симбол

На почеток