Македонија

Ковачки: Дали уште не е поднесен извештај до владата како НВО на сопругите на Муслиу и Битиќи потрошиле 620.000 евра од грантот

„Постојат сериозни сомнежи дека парите од грантот од 620.000 евра кои го имаат добиено сопругите на директорот на АР Еролд Муслиу и на вицепремиерот во Владата Битиќи се злоупотребувани“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Денеска ќе поставиме неколку прашања за кои очекуваме реакција од институциите:

1. Дали Конзорциумот во кој главна е сопругата на директорот на АР, има поднесено извештај до Владата како се потрошени средствата од грантот добиен со сериозни индиции за трговија со влијание?

2. Дали е вистина дека до ден денешен до Владата не е поднесен никаков извештај за начинот како се потрошени средствата, како и за ефектот од проектните активности на овие НВО кои побарале и добиле можност да работат на безбедносни проекти?

3. Дали е вистина дека дел од средствата од грантот наместо за основната намена се потрошени на високи плати, хонорари, крстарења со бродови, престојувања во ресорти и патувања во странство?

4. Дали е вистина дека со овие средства се покривани ноќевања на лица кои во никој случај не смееле да бидат дел од тимовите кои работат со безбедносно сензитивни информации?

Ковачевски и Пендаровски мора да излезат во јавност и да кажат што знаат за горенаведеното, а не да се кријат и да молчат.

А молчат веќе 5-ти ден за трговијата со влијание на сопствените пулени.

Доаѓа време на одговорност. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.

На почеток