Пратеничката Дафина очекува Џафери да ги достави имињата од ВМРО-ДПМНЕ за техничките места во Владата
Од
Објавено на
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, се надева дека мандатарот Талат Џафери нема да го прекрши законот и да предложи Влада без имињата од нејзината партија.Според неа, законот е јасен.
„Не очекувам од почеток да прекршува закон, оти тој е дециден дека мандатарот доставува до претседателот на државата предлог со предлог-имиња за сите министерства. Еве да се надеваме дека нема да го започне мандатот со прекршување на законот како мандатар“, кажа Стојаноска.
Претходно за ова прашање се изјасни Џафери.