Македонија

Двајцата приведени: Скопјанец натепал полицаец, младо момче попречувал полицајци додека работеле

Во два различни случаи, полициски службеници биле мета на граѓани од Скопје и Неготино. Поради тоа, следеле и две апсења, како и поднесоци до обвинителствата.

„Денеска (24.01.2024) во 00.45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Ш.(42) од Скопје затоа што во објектот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, по што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.01.2024 во 13.00 часот на патот од с.Катланово кон с.Зелениково, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ј.К.(23) од Неготино затоа што попречувал полициски службеници во вршење службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

На почеток