Скопје

Малолетници од Скопје пријавени за исчезнати – полицијата трага по нив

Полицијата трага по двајца малолетници, згрижени во јавни установи. Заедничко во двата случаи е тоа што станува збор за 17-годишни лица, кои и претходно се оддалечувале и враќале.

„На 23.01.2024 во Полициската станица Чаир, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Б.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан“, велат од МВР.

„На 23.01.2024 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село, било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Л.З.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан“, се вели за вториот случај.

На почеток