Свет

Лавров ги обвини САД, Јапонија и Јужна Кореја дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја, јавува Асошиетед прес.

Лавров на конференцијата на ОН рече дека новиот воен блок што го собраа САД ги зајакнува воените активности и спроведува големи вежби.

„Реториката на Јужна Кореја стана уште понепријателска кон Пјонгјанг“, рече тој.

„Остри пораки доаѓаат и од Јапонија и сериозно се зборува за воспоставување инфраструктура на НАТО со помош на САД“, тврди Лавров.

Лавров рече дека целта на тој воен блок е јасно наведена.

„Тие се подготвуваат за војна со Северна Кореја“, убеден е Лавров.

Шефот на руската дипломатија рече дека САД, Јужна Кореја и Јапонија разговарале и за развојот на меѓусебната соработка.

„Многу е смешно како го формулираа, но јасно е дека се работи за соработка поврзана со нуклеарно оружје“, рече тој.

Минатата недела, трите земји спроведоа заеднички поморски вежби во кои учествуваше и американски носач на авиони, што беше демонстрација на силите на сојузниците пред Северна Кореја.

To Top