Свет

Најкрвав напад во Газа: Најмалку 20 Палестинци загинаа додека чекаа ред за храна, стотици повредени

Хамас ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

Најмалку 20 Палестинци загинаа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекаа ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.

Портпаролот на министерството Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, но повтори дека целта не била цивили.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7 септември, во операциите на израелската армија загинаа повеќе од 25.700, а беа повредени околу 63.000 Палестинци во Појасот Газа.

На почеток