Македонија

И Џафери со оставка, од Собрание ќе оди во Влада

Талат Џафери поднесе оставка од претседателската функција во Собрание.

“Ве известуваме дека денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието.
Воедно, известуваме дека го овласти потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година”, велат од неговиот Кабинет.

На почеток