Македонија

„7 години Спасовски, 7 години криминал корупција и мафијашка држава, акцијата требаше да ја направи пред 7 години“, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе, порача Спасовски

„7 години редица неразјаснети убиства, пукања во центар на Скопје и нарушена безбедност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Последниот ден од мандатот Спасовски направи акција која требаше да ја направи пред 7 години. 7 години дозволи разни банди да дивеат по улиците.

Од кражби на оружје од полициско депо до дојави за бомби, ништо не е разјаснето.

Стотици килограми марихуана се украдени од фабрики, а сторителите се или непознати или недостапни за полицијата.

Наместо да се бори против криминалот Спасовски 7 години се уортачи со криминалците.

МВР наместо сервис на граѓаните стана акутен проблем. Од ефективна служба, Спасовски го сведе МВР да не може да регулира вадење на лични документи, па народ во редици чека на минусни температури.

Спасовски го урниса безбедносниот систем. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

На почеток