Македонија

Познати убиствата за кои се сомничи групата на Шеваљ од Грчец, како и кои се лицата и нивните меѓусебни релации

Три убиства, еден обид за убиство и транспортирана дрога како за Македонија, така и земјите во Европска унија. Ова се делата за кои се сомничи групата на Шеваљ Муареми, кој е во бегство, а според истрагата се наоѓа во Дубаи повеќе месеци. Членови биле девет лица, од кои шест се уапсени во Скопје, едно во Шпанија. Оваа група е позната како „нарко бандата од Грчец“.

Меѓу уапсените е Неџати Исени ,44 години, за кого и во минатото имало постапки поради трговија со дрога. Потоа и Севдал Азири, 44 години, советник  во Општина Шуто Оризари од редовите на Алијанса на Албанците. Извесен Мухамед Чајани кој има 27 години.

На листата уапсени е и Фадил Бајрамовски, кој има 45 години, а му е прв братучед на ликвидираниот Орхан Бајрами – Оки, убиен во Грција. Бајрамовски е осудувано лице во велешкиот суд, токму поради продажба на хероин. Тој во 2015 година добил 5,5 години затвор.

Уапсен е и Оливер Петров, 43 години, кој бил во кумски релации со првиот човек на бандата, Шеваљ Муареми. Петров и досега е осудуван, и тоа за пукањето кон Александар Верушевски пред 15 години, кога доби една година затворска казна.

Уапсени се и Шуајб и Фати Сулејмановски. Шуајб има 40 години, додека Фати има 43 години.

Член на групата според истрагата бил и Шукри Асани кој има 27 години. За него се шпекулираше дека имал и дозвола за поседување на оружје. Има криминално досие, како за продажба на кокаин, така и за предизвикување општа опасност. Со лисици заврши и Енсар Исеини кој има 25 години.

За кои убиства се сомничат

Во 2020 година, во селото Горно Матка беше најдено тело на албански државјанин, кој бил убиен. Тој бил закопан во дупка, на место кое е тешко пристапно, а ретко има движење. Откопан бил од диви животни, а препознавањето дека станува збор за него е според обележје кое убиениот го има на телото.

Групата на Шеваљ и тој самиот, се поврзуваат и со двојното убиство во Топанско поле. Таму во 2021 година беа ликвидирани Африм Бериша и Бурим Вардари. Тие имаат 24 и 28 години. Кон нив беше пукано додека се движеа со возило „цитроен“.

Истрагата утврдила дека тие стојат и зад обидот за ликвидација на Борис Мутков – Фантом од 2019 година. Обидот за убиство се случи во скопско Бардовци, а кон Фантом беше пукано додека тој се движеше со автомобил.

На почеток