Македонија

Ќе нема ниту судења: Кривичен ќе биде бојкотиран од судиите-поротници, ако не им се исполнат двата услови

Независниот Синдикат на судии-поротнци ќе ја бојкотира работата на Кривичниот суд доколку не им се исплати покачениот надоместок за вршење на функцијата за декември, но и ако не се измени одредбата на Законот за судовите каде функцијата сега престанува со 60-години.

„Не сме добиле исплата на надоместокот за вршење на функцијата судија-поротник за месец Декември. Исто така до овој момент не е постапено по нашите барања: – Покачување на надоместокот за вршење на функцијата судија-поротник (последната измена е донесена во 2018 година). – Барање за измена во Законот за судовите во одредбата каде престанокот на функцијата на судијата–поротник е со навршувањето на 60 години старост и истата возрасна граница да се зголеми според Законот за работни односи каде е предвидено вршење на работен ангажман до 64 години.

Ве известуваме дека ако не се постапи по нашите барања како и ако не се исплати надоместокот за Декември судиите поротници ќе ја бојкотираат работата на судот и истите нема да учествуваат на судења до исполнување на барањата“, велат од Синдикатот.

На почеток