Македонија

Еден останува на слобода, а петмина од групата на Шеваљ која убивала и продавала дрога одат во затворот во Шутка

„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои:

Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд“, велат од Кривичен суд.

Лицата кои се во бетство, ќе завршат зад решетки кога ќе бидат пронајдени.

„Воедно судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода“, велат од Кривичен суд.

Кои се лицата:

Познати убиствата за кои се сомничи групата на Шеваљ од Грчец, како и кои се лицата и нивните меѓусебни релации

На почеток