Најлесен пат до 1 милион евра – со уплата од само 30 денари
За првпат во Македонија можете да спечалите 62 000 000 денари или 1 000 000 евра со играње на ЛОТО 7 на Државна Лотарија. Веќе од ова коло на ЛОТО7 на Државна Лотарија, премијата за лото изнесува рекордни 62 000 000 денари или 1 000 000 евра, што е досега најголема сума што може да се освои во Македонија.
ЛОТО 7 на Државна лотарија за првпат е одржано на 23 април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име НовоЛото 7/34 се реализираше на 5 мај 2010 година.
На 5 септември 2011 година, играчот кој ги уплатил своите среќни броеви во продажното место “Студио Гина” во Битола го освои првиот џекпот во играта НовоЛото 7/34, а тоа изнесуваше неверојатни 21.173.081,00 денари.
По тоа, играта се преименуваше во “ЛОТО 7” во 2019 година, а се постигнаа вкупно 27 седумки. Оваа среќа се распространуваше низ различни градови во Македонија. Скопје имаше најголем број на седумки – дванаесет, па следи Битола со пет, Кичево и Куманово со по две, и разни други градови како Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци и Кочани, секој со по една седумка.
Што се однесува до вредноста на добивките, беа постигнати 11 добивки со гарантирана вредност од 6.000.000,00 денари, а една среќна добитничка имаше среќа да ја освои 7.777.777,00 денари. Сите други седумки го надминуваа гарантираниот износ од Државна Лотарија.
Најголемата премија до сега беше огромниот износ од 41.163.771,00 денари, која го освои еден среќен учесник чии среќни броеви било уплатено во продажното место “ЈМБ Компани Визбегово” во Скопје. Ова покажува дека среќата може да најде секого, каде и да се наоѓа во Македонија.
(пр)