Македонија

(Видео) Малку фалби, малку критики, па гласање: Јован Митревски го избраа за претседател на Собранието

Без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, за собраниски претседател е изгласан Јован Митревски од СДСМ. Ова доаѓа откако Талат Џафери поднесе оставка со цел во недела, да биде избран за технички премиер задолжен за спроведување на изборите. Пред гласањето, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски го пофали Митревски, па излезе на говорница Никола Мицевски кој го искритикува.

„Вкупно гласаа 104 пратеници, 64 пратеници гласаа „за“, проив се 40. Констатирам дека Јован Митревски е избран за претседател на Собранието“, кажа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

За во недела, се очекува седница за изгласување на техничката Влада.

Костовски: Мојот другар Јован е пратеник во Собранието да го гласаме сите; Мицевски: Се рушите како кула од карти

На почеток