Македонија

По предлог на СДСМ: Мандатот кај Џафери, до недела ќе ја формира техничката Владата

Предлогот на СДСМ за мандатор за состав на преодна Влада е Талат Џафери, кажа претседателот на државата, Стево Пендаровски кој му го додели мандатот.

„Со потполна одговорност го примам мандатот, со ветување дека совесно и врз основа на Уставот и законите, составот на Владата и преговорите ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба“, кажа Џафери.

Со обраќањето на Џафери, заврши и церемонијата.

Претходно Јован Митревски беше избран за претседател на Собранието со 64 гласа за од мнозинството, но без поддршка од опозицијата.Вети дека ќе биде претседател на Законодавниот дом. Митревски не доби аплауз од опозицијата, но со аплауз беше дочекан чинот на оставка од функцијата премиер на Ковачевски.

На почеток