Скопје

Две студентки натепани кај ПМФ во три дена – девојче остана без телефон и со крвава рака

Две насилни кражби во близина на Природно-математичкиот факултет се случија во три дена. Двете жртви се девојчиња, студентки кои се враќале од факултет. „Скопје1“ дознава дека последната жртва била и со крвава рака, а драмата, поточно се случила на паркигнот пред студентскиот „Стив Наумов“. Од МВР за „Скопје1“ велат дека им е пријавен случајот.

„Во 15.00 часот во Полициска станица Гази Баба, А.С. (19) од Штип, пријавила дека околу 14.00 часот на паркинг просторот на студенскиот дом Стив Наумов едно лице со употреба на физичка сила и одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Ваква кражба имаше и во вторникот. Тогаш, на улицата која води до ПМФ, а на еден километар од паркингот каде вчера девојчето беше нападнато, насилство доживеа 20-годишна студентка.

„Во 12.30 часот во СВР Скопје, С.М.(20) од Скопје пријавила дека околу 09.15 часот на ул.„Архимедова“ во Скопје, едно лице насилно и го одзело мобилниот телефон и ја турнал“, се извсти тогаш од МВР.

Двата случаи се во фаза на расчистување, односно во утврдување на идентитетот на лицата кои ги сториле насилните кражби.

На почеток