Свет

Иран: Денес лансиравме три сателити истовремено

Денеска, Иран лансираше три сателити истовремен,о за првпат со помош на сателитот „Симорг“ развиен од Министерството за одбрана, објавија државните медиуми.

Еден сателит со тежина од 32 кг и два наносателити со тежина помала од 10 кг беа испратени во орбита од 450 километри со два помали уреди за тестирање на теснопојасната комуникација и технологијата за гео-позиционирање, се вели во извештаите.

Поголемиот сателит наречен „Махда“, изграден од Иранската вселенска агенција, треба да ја тестира точноста на ракетата Симорг при носењето товар во вселената.

Иран го лансираше сателитот „Сораја“ во орбитата овој месец со ракета изградена од воената елитна Револуционерна гарда, што ја зголеми загриженоста кај европските сили дека технологијата на вселенската носач може да се искористи за развој на балистички ракетен систем со долг дострел.

Иран во саботата ја отфрли осудата од европските земји поради неговото лансирање на сателитот Сораја, велејќи дека мирниот технолошки напредок во авијацијата е легитимно право на земјата.

На почеток