Македонија

(Видео) „Да допее Али и ќе почне седницата за избор на Влада“

Седницата за избор на техничкиот премиер Талат Џафери и министрите во техничката Влада доцни повеќе од саат, додека пратениците на ДУИ, со Али Ахмети и Артан Груби слават во собраниските кабинети. Ова се гледа од вклучувањето во живот на Груби, кој цел саат објаснуваше како ова е историски момент за Албанците. Во неколку наврати во обраќањето на албански јазик, Груби го споменува УЧК, ветераните на УЧК, командантите на УЧК. Во кабинетот се славеше со песна.

Во видео споделено претходно, се гледа како Ахмети пак пее, а пред седницата за избор на Џафери.

„Да допее Али и ќе почнеме“, иронично се коментира низ собраниските ходници.

Седницата за избор на техничка Влада требаше да започне во 11 часот.

На почеток