Свет

(Видео) Терористички напад во Истанбул: Нападната црква, има мртви

Двајца маскирани напаѓачи извршија вооружен напад на католичка црква во Истанбул за време на неделна богослужба во која едно лице беше убиено, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.ж

Според соопштението на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во истанбулската населба Сариер во 11:40 часот по локално време, јавува турската служба Си-Ен-Ен.

„Денеска во 11:40 часот по локално време во вооружен напад на католичката црква Света Марија во областа Сариер во Истанбул (северно од Истанбул) е убиен Д.Т.“, напиша министерот Јерликаја на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Јерликаја најави дека е покрената сеопфатна истрага за нападот и дека потрагата по напаѓачите е во тек.

На почеток